свет

Денешната дискусија на Самитот на ЕУ ќе се фокусира на односите со Африка

„Денеска ќе имаме можност да ги решиме меѓународните односи, особено нашите идни односи со Африка. Во декември во Брисел ќе имаме важна средба со Африканската Унија“, рече Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет

Büşra Nur Bilgiç Çakmak   | 16.10.2020
Денешната дискусија на Самитот на ЕУ ќе се фокусира на односите со Африка

АНКАРА

Самитот на лидерите на ЕУ кој денеска се одржува втор ден, ќе се фокусира на односите со Африка, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Денеска ќе имаме можност да ги решиме меѓународните односи, особено нашите идни односи со Африка. Во декември во Брисел ќе имаме важна средба со Африканската Унија“, рече Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.

„Ова ќе биде шанса да го обновиме нашето партнерство, па дури и нашиот сојуз со Африка. Овој сојуз е природен од географски причини, од историски причини, од културни причини. Постои огромен потенцијал, ако заедно со африканските лидери донесеме правилни одлуки“, додаде тој.

„Лидерите исто така ќе разговараат за пандемијата на Ковид-19“, изјави Мишел, додавајќи дека „регионалната соработка и координација на ниво на шефови на држави и шефови на влади“ меѓу земјите на ЕУ ќе бидат зајакнати.

Лидерите на ЕУ се состанаа вчера во Брисел на дводневна дискусија за Трговскиот договор по Брегзит, пандемијата на коронавирусот, начините за справување со климатските промени, санкциите за Русија и идните односи со Африка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın