свет

Деветта ерупција на вулкан во Исланд за помалку од две години

- Ерупцијата започнала кај кратерите Сундхнукагига, а според геофизичарот Бенедикт Офеигсон од Исландскиот метеоролошки институт, настанот не изгледа како голема ерупција.

Aida Cako  | 16.07.2025 - Обновена : 19.07.2025
Деветта ерупција на вулкан во Исланд за помалку од две години

СКОПЈЕ (АА) - Вулканска ерупција го погоди југозападниот дел на Исланд во раните утрински часови денес, јави јавниот сервис РУБ, јавува Анадолу.

Ова е деветтата ерупција во областа на полуостровот Рејкјанес од декември 2023 година досега.

Ерупцијата започнала кај кратерите Сундхнукагига, а според геофизичарот Бенедикт Офеигсон од Исландскиот метеоролошки институт, настанот не изгледа како голема ерупција.

Според првичните процени, пукнатината би можела да биде долга околу два километра, со ограничена деформација на теренот и слаба магматска активност.

Иако воздушниот сообраќај не е засегнат, властите предупредуваат на значително влошување на квалитетот на воздухот во близина на ерупцијата.

На жителите им е препорачано да ги држат прозорците затворени поради „ужасниот“ квалитет на воздухот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın