Двајца израелски војници повредени во напад со нож во централниот дел на Западниот Брег
Армијата соопшти дека воените сили го застрелале лицето кое ги избодело израелските војници за време на претрес во населбата Атерет, северно од Рамала
ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) - Двајца израелски војници се повредени утринава во напад со нож во близина на израелска населба во Рамала, во централниот дел на Западниот Брег, соопшти Армијата, пренесува Анадолу.
Во соопштението на Армијата се вели дека воените сили го застрелале лицето кое ги избодело израелските војници за време на претресот во населбата Атерет, северно од Рамала.
Двајца војници се полесно повредени, објави јавниот радиодифузен сервис КАН.
Синоќа, израелска жена војник беше повредена во напад со автомобил во близина на населбата Кирјат Арба во Хеброн, јужен Западен Брег, според Армијата.
Напаѓачот е убиен утринава во Хеброн, соопшти Армијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
