свет

Данска: Протест на граѓаните кои бараат прифаќање на мигрантите од кампот „Мориа“

Демонстрантите носеа играчки во рацете и транспаренти на кои пишуваше „Евакуација на децата од Мориа! Веднаш! Засрами се ЕУ!“

Davut Çolak   | 16.09.2020
Данска: Протест на граѓаните кои бараат прифаќање на мигрантите од кампот „Мориа“ ( Foto: Davut Çolak / Anadolu Agency )

КОПЕНХАГЕН

И покрај фактот што многу земји во Европа ќе ги прифатат нелегалните мигранти од „Мориа“, бегалскиот камп што е уништен во пожарите минатата недела, граѓаните на Данска протестираа што таа земја не направила чекор во таа насока, пренесува Агенција Анадолија (АА).

На протестите одржани во Копенхаген граѓаните бараа да се примат мигрантите, меѓу кои има и деца без придружба, а кои останаа без покрив над главата по пожарот во бегалскиот камп на грчкиот остров Лезбос.

Насобраните ги повикаа властите на Данска да ги примат децата без придружба од бегалскиот камп „Мориа“ како останатите европски земји.

Илјадниците луѓе се придржуваа до мерките воведени поради ширењето на Ковид-19, држејќи дистанца и носејќи маски.

Демонстрантите носеа играчки во рацете и транспаренти на кои пишуваше „Евакуација на децата од Мориа! Веднаш! Засрами се ЕУ!“

Еден од организираторите на протестите, Тим Вајт, укажа на одговорноста што Данска би требало да ја преземе кога се во прашање децата без придружба од бегалскиот камп „Мориа“.

„Мораме да ја поделиме одговорноста за ова низ Европа. Сите видовме дека Грција сама не може да ја сноси оваа одговорност“, изјави Вајт.

Кампот „Мориа“ беше еден од најголемите центри за прифаќање и идентификација во Грција, каде што неодамна престојуваа околу 13.000 луѓе, односно четири пати повеќе од капацитетот.

По пожарите, илјадници мигранти и бегалци останаа без покрив над главата, без храна и вода, а ги изгубија и работите што ги зедоа со себе на патот кон подобар живот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın