свет

Грција и кипарските Грци се обидуваат да ја затворат Турција во заливот на Анталија според мапата од Севиља

Мапата од Севиља е на дневен ред како последица на тензиите меѓу Турција и Грција, иако нема официјална квалификација, Грција и кипарските Грци продолжуваат да ја земаат како основа за утврдувањето на поморската јурисдикција во Источниот Медитеран

Şerife Çetin   | 23.09.2020
Грција и кипарските Грци се обидуваат да ја затворат Турција во заливот на Анталија според мапата од Севиља

АНКАРА

- Шерифе ЧЕТИН


Мапата од Севиља која се најде на дневен ред како последица на тензиите меѓу Турција и Грција, иако нема официјална квалификација, Грција и администрацијата на кипарските Грци продолжуваат да ја земаат како основа за утврдувањето на поморската јурисдикција во Источниот Медитеран, пишува Агенција Анадолија (АА).

Додека Грција и Администрацијата на кипарските Грци се обидуваат мапата од Севиља да ја наметнат како граници на Европската Унија во Источниот Медитеран, всушност таа претставува една од основните алатки преку кои сакаат да го остварат својот сон Турција да ја затворат во тесна морска област во заливот на Анталија и неговата околина.

За мапата, која вчера од страна на американската Амбасада во Анкара беше посочена како регулатива што „не е законски обврзувачка“, неодамна и официјалните претставници на ЕУ рекоа дека нема „официјална одредба“.

Сепак, разни извори кои се поврзани со двоецот Грција - Кипарски Грци и со Европската Унија, продолжуваат во своите извори да ја вклучуваат мапата од Севиља, која нема официјален квалитет.


- Мапата од Севиља

Мапата од Севиља е подготвена во 2007 година од страна на проф. Хуан Луис Суарез де Виверо, експерт по човечка поморска географија од Универзитетот во Севиља.

На оваа мапа, која се именува по името на Универзитетот, Виверо ги покажува поморските јурисдикции во Источниот Медитеран.

Виверо ги исцртува областите на поморската јурисдикција што ги опфаќаат континенталниот гребен и Ексклузивната економска зона (ЕЕЗ) на картата во целост според пресметката на „средната линија“. Според тоа, се предвидува на сите острови во регионот да им се даде „целосно вилијание“, исто како и на континенталниот гребен.

Според картата нацртана со чисто математичка пресметка, грчкиот континентален гребен во Источниот Медитеран од островот Мегисти (Кастелоризо) се спушта кон Египет до средината на Источниот Медитеран. Откако истата пресметка на средна линија е воведена и за одредувањето на морските територии на островот Кипар, се покажа дека јурисдикцијата на Турција во Источниот Медитеран се однесува само на мала област на отворено море во заливот на Анталија и неговата околина.

Во случај кога на островот Мегисти му се доделува „целосно влијание“, тогаш овој соседен остров кој се наоѓа во непосредна близина на јужниот брег на Турција, има влијание врз морска површина која е 4.000 пати поголема од големината на островот, т. е. поморска надлежност врз површина од 40.000 квадратни километри, пресекувајќи ја прилично долгата проекција на брегот на Турција.

Откако Турција ја отфрли тезата, според која островот Мегисти со површина од 10 квадратни километри, оддалечен 2 километри од Анадолија, а 580 километри од континенталниот гребен на Грција, треба да поседува површина од 40.000 квадратни километри, тврдејќи дека таа не е рационална и е во спротивност со меѓународното право, тезите на Турција почнаа да предизвикуваат ехо многу пошироко.

И Виверо, авторот на оваа мапа, во еден напис наведе дека спорот меѓу Турција и Грција е многу стар и додаде дека „пресметката на средна линија во Егејското Море, на Грција, која е многу близок сосед на Турција, ѝ дава влијание врз многу голема морска површина. Можеме да воочиме дека кога во равенката ќе се вметне и Кипар, на Турција ѝ останува јурисдикција врз многу мала морска површина, а тоа ќе предизвика економски и геополитички проблеми“, со што можеме да согледаме дека тој признава дека мапата не ја отсликува реалната состојба на теренот.


„Мапата од Севиља е нелегитимна мапа“

Проф. д-р Хакан Каран, директор на Центарот за примена и истражување на поморското право на Универзитетот „Анкара“, за дописникот на АА изјави дека мапата од Севиља во суштина претставува академска студија која е спроведена еднострано.

Подвлекувајќи дека пристапот на картата кон разграничувањето на морето е едностран, проф. Каран истакна:

„На ограничувањата се пристапува билатерално или мултилатерално и правилата за поморското право се создадени во таа смисла. Државите ги утврдуваат своите граници врз основа на овластувањата што им се доделени според Законот за морињата. Сепак, особено во полузатворени и затворени морски области, овие граници може да се преклопат со границите на друга држава. Источниот Медитеран е таква морска област. Постојат меѓусебни вкрстувања на морските јурисдикции на сите држави кои имаат крајбрежје во овој регион.“

Проф. Каран изјави дека државите се приближуваат кон разграничувањата од сопствените фронтови, додавајќи дека мапата од Севиља ја поддржува тезата на Грција и дека таа е подготвена еднострано.

Наведувајќи дека во подоцнежното издание Виверо ја разгледал мапата од Севиља, која е негова прва мапа, изјави: „Станува збор за дело што е многу безвредно за да се земе во прв план, бидејќи е еднострано поготвено.“

Проф. Каран, повикувајќи се на Конвенцијата за Правото на морето на Обединетите нации (UNCLOS) од 1982 година, потсети дека многу земји оваа конвенција ја сметаат за Устав на морското право.

Наведувајќи дека според договорот, секој остров треба да има свои територијални води и во случај на социјален живот, островот треба да има и континентален гребен и Ексклузивна економска зона, Каран истакна: „Кога ќе погледнеме на Мегисти, гледаме дека има социјален живот на островот, а тоа е причина поради која Грција тврди дека Мегисти има континентален гребен и Ексклузивна економска зона, бидејќи е потписник на УНКЛОС, но истата конвенција ја брани и мерката на правичност. Во исто време, постојат многу судски одлуки со кои ѝ се дава приоритет на мерката за правичност.“

Каран посочи дека судските одлуки во рамките на принципот на правичност не ги разгледуваат островите кои претставуваат проблем, кои се далеку од матичниот брег, а близу до брегот на друга држава, како во случајот со островот Мегисти.

„Мапата од Севиља ја зема предвид едната норма на УНКЛОС, но не и другата. Ги игнорира и одлуките на Меѓународниот суд на правдата. Ги игнорира и законите на Турција. Од тој аспект, станува збор за нелегитимна мапа“, рече проф. Каран, истакнувајќи дека Турција не е потписник на УНКЛОС, со што Турција не мора да ги исполнува обврските наложени според Договорот.

Проф. Каран, посочувајќи дека Турција може да се однесува според Законот за морињата кој е донесен пред 1982 година, истакна: „Турција го брани ставот дека во никој случај поморска надлежност не може да имаат островите во посебните мориња, како што се Егејското Море и Источниот Медитеран.“







На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.