свет

Грција: Да се одреди датум за процесот на членство на Западен Балкан во ЕУ

- Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис предложи да се одреди датум до 2033 година за завршување на процесот за членство на земјите од Западен Балкан во Европската Унија (ЕУ)

Derya Gülnaz Özcan   | 23.06.2022
Грција: Да се одреди датум за процесот на членство на Западен Балкан во ЕУ

АТИНА (АА) - Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис предложи да се одреди датум до 2033 година за завршување на процесот за членство на земјите од Западен Балкан во Европската Унија (ЕУ), пренесува Агенција Анадолија (АА).

„На Самитот [на ЕУ] во Атина одржан пред 19 години беше отворен патот за вклучувањето на Западниот Балкан во европското семејство. За жал, од тој датум до денес не е постигнат толку напредок“, изјави Мицотакис пред почетокот на Самитот ЕУ - Западен Балкан што се одржува во Брисел.

Мицотакис рече дека Самитот е можност на најсилен начин повторно да се започнат процесите за членство на овие земји.

Според него, за да се постигне напредок во овој процес, потребно е да се стави крај на спорот помеѓу Бугарија и Северна Македонија.

Грчкиот премиер нагласи дека е важно да се определи одреден временски лимит за завршување на овој процес.

„Мојот предлог до Европскиот совет е да се даде рок до 2033 година, односно 30 години по Самитот во Солун. На овој начин граѓаните [на овие земји] може да предвидат дека на крајот на овој пат ќе бидат членови на европското семејство“, рече Мицотакис.

Тој истакна дека Грција во овој процес ќе стои покрај земјите од Западен Балкан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın