свет

Германскиот политичар Лашет: „Турците се богатство за Германија“

Посочувајќи дека Германија е мултирелигиозна и мултикултурна земја, Лашет нагласи дека на сите млади треба да им се дадат еднакви шанси и квалификувано образование

Mesut Zeyrek   | 13.05.2022
Германскиот политичар Лашет: „Турците се богатство за Германија“

КЕЛН (АА) - Пратеникот на германскиот Бундестаг, Армин Лашет, истакна дека странците, особено Турците кои дошле во Германија, ја збогатиле земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Поранешниот претседател на Христијанско-демократската унија на Германија (CDU) и кандидат за премиер на последните избори, Лашет, говореше на состанокот под наслов „Дали образованието може да се гледа како фактор и можност за елиминирање на недостигот на квалификувана работна сила?“, организиран од страна на Европската турска деловна мрежа на Западниот Регион (NETU West).

Лашет, кој исто така беше поранешен канцелар на покраината Северна Рајна-Вестфалија, критикувајќи ја старата германска имиграциска политика рече дека тогашните политичари нуделе пари на странците за да се вратат во својата земја.

Наведувајќи дека странците, особено Турците, кои дошле во Германија ја збогатиле Германија и постигнале големи успеси, Лашет рече: „На пример, Угур Шахин, кој ја пронајде вакцината против Ковид-19, е дете на работничко семејство дојден од Турција. Се школувал во Келн. Подоцна го спаси светот со вакцината што ја откри. Никој не го праша која е неговата религија, од каде потекнува или дали е од Германија. Но, тој е дете од работничко семејство дојден од Турција.“

Посочувајќи дека Германија е мултирелигиозна и мултикултурна земја, Лашет подвлече дека на сите млади треба да им се дадат еднакви шанси и квалификувано образование.

На состанокот одржан во резиденцијата на Генералниот конзулат на Турција во Келн присуствуваа генералниот конзул во Келн, Турхан Каја, поранешниот градоначалник на Келн, Фриц Шрама и претставници на Европската турска деловна мрежа (NETU).


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.