свет

Германија ја забрани радикалната десничарска организација „Комбат 18“

„Во нашето општество нема место за десничарски радикализам и антисемитизам“, порача Зихофер

Cüneyt Karadağ   | 23.01.2020
Германија ја забрани радикалната десничарска организација „Комбат 18“

БЕРЛИН (АА) - Германските власти го забранија дејствувањето на радикалната десничарска организација „Комбат 18“, јавува Агенција Анадолија (AA).

Министерството за внатрешни работи на Германија соопшти дека „Комбат 18“ е ставена на листата забранети организации и здруженија поради кршење на законските норми за ненасилно дејствување.

Ресорниот министер Хорст Зихофер соопшти дека германската полиција спровела паралелни рации во шест покраини, и дека од слобода е лишен водачот на неонацистичката група „Комбат 18“, Стенли Р.

„Во нашето општество нема место за десничарски радикализам и антисемитизам“, порача Зихофер.

Тој рече дека убиствата кои ги извела терористичката група НСУ, атентатот на гувернерот на Касел, Волтер Лубке и терористичкиот напад во Хале, се потврда дека десничарскиот радикализам и антисемитизмот се сериозни закани за слободното општество.

Зихофер за забранетата организација „Комбат 18“ рече дека таа е радикалнодесничарска, расистичка, ксенофобна и неонацистичка организација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.