свет

Германија: Спасени рударите кои по експлозија останаа заглавени во рудник

Во тек е истрага за откривање на причините поради кои дошло до експлозијата

Erbil Başay   | 08.11.2019
Германија: Спасени рударите кои по експлозија останаа заглавени во рудник

БЕРЛИН (АА) - По експлозијата што се случи во рудник во Тојчентал, во германската покраина Саксонија-Анхалт, спасени се сите рудари што останаа заглавени во рудникот на длабочина од 700 метри, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението што го објави полицијата на Хале се вели дека се спасени сите рудари и дека рударите се во добра здравствена состојба.

Ерик Филингер, директор на компанијата ГТС (GTS), која управува со рудникот, изјави дека во мал дел од рудникот дошло до експлозија, по што бил издадено предупредување. Тој информираше дека од експлозијата до која дошло во рудникот биле повредени двајца вработени на возраст од 44 и 24 години.

Филингер рече дека едниот од повредените е Полјак, а вториот Германец, соопштувајќи дека и двајцата рудари благодарение на спасувачките екипи се извлечени од рудникот и префрлени во болница.

Директорот истакна дека по експлозијата е издадено предупредување и 36-те рудари што се наоѓале под земјата заминале во безбедните делови од рудникот и откако е утврдено дека не постои опасност, рударите се извлечени од рудникот.

Тој соопшти дека во тек е истрага за откривање на причините поради кои дошло до експлозијата.

Експлозијата се случила на длабочина од 700 метри.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın