свет

Германија од Грција ќе прифати 50 деца мигранти

Портпаролот на германското МВР истакна дека во првата етапа 50 деца мигранти од Грција ќе бидат прифатени на предлог на германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зихофер

Erbil Başay   | 08.04.2020
Германија од Грција ќе прифати 50 деца мигранти

БЕРЛИН (АА) - Германија следната недела ќе прими 50 деца мигранти кои имаат потреба од заштита и кои живеат во камповите на грчките острови, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Германија, Стив Алтер, на прес-конференцијата истакна дека во првата етапа 50 деца мигранти од Грција ќе бидат прифатени на предлог на германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зихофер.

Истакнувајќи дека партиите од коалицијата претходно се согласиле да примат 50 деца мигранти на возраст под 14 години, Алтер рече дека децата ќе бидат донесени во Германија следната недела.

Алтер исто така изјави дека децата ќе бидат ставени во карантин во Долна Саксонија 14 дена, а потоа ќе бидат прераспределени по покраините.

Нагласувајќи дека за оваа одлука се разговара со месеци, Алтер нагласи дека некои земји во Европската Унија (ЕУ) се обврзале да прифатат меѓу 1.000 и 1.500 деца од Грција, и дека Германија во тој контекст ќе земе од 300 до 500 деца мигранти.

На прашањето зошто Германија не зема повеќе деца, Алтер одговори: „Засега неопходните документи подготвени се за 50 деца.“

„Ние и Луксембург сега сме подготвени да земеме деца“, рече министерот за надворешни работи на Германија, Хеико Мас, на еден приватен телевизиски канал, посочувајќи дека многу земји од ЕУ не зеле деца на кои им е потребна заштита, иако ветиле.

Мас исто така рече дека се надева оти наскоро ќе им се придружат и други земји.

Луксембург нагласи дека ќе прифати 12 деца мигранти од камповите во Грција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın