свет

Германија: На возила испишани исламофобични пораки и кукест крст

Управата за верски работи на Турската исламска заедница во Германија (DITIB) соопшти дека на два автомобили, од кои едниот е погребно возило на ДИТИБ, се испишани исламофобични пораки и кукест крст (свастика)

Mesut Zeyrek   | 03.12.2019
Германија: На возила испишани исламофобични пораки и кукест крст

КЕЛН (АА) - Непознати вандали во германскиот град Гунцбург на две возила испишале исламофобични пораки и навредливи симболи, јавува Агенција Анадолија (AA).

Управата за верски работи на Турската исламска заедница во Германија (DITIB) соопшти дека на два автомобили, од кои едниот е погребно возило на ДИТИБ, се испишани исламофобични пораки и кукест крст (свастика).

Се наведува дека инцидентот се случил во текот на ноќта и дека на возилата е причинета материјална штета. Во соопштението се додава дека прозорците на погребното возило биле скршени и дека на него со спреј е нацртан кукест крст.

Возилото било паркирано на улицата „Реисенсбург“, една од најфреквентните во Гунцбург.

Полицијата соопшти дека е започната истрага во врска со инцидентот.

Пред два дена во истата улица на друго возило, чиј сопственик е бизнисмен од турско потекло, исто така беа испишани слични пораки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın