свет

Германија: Министерот за финансии на покраината Хесен пронајден мртов

Полициската дирекција во Визбаден открила дека безживотното тело е на 54-годишниот Томас Шафер, министер за финансии на германската сојузна покраина Хесен

Erbil Başay   | 29.03.2020
Германија: Министерот за финансии на покраината Хесен пронајден мртов

БЕРЛИН (АА) - Министерот за финансии на германската сојузна покраина Хесен, Томас Шафер е пронајден мртов, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според заедничкото соопштение на Обвинителството на Визбаден и на Полициската дирекција во Визбаден, пронајдено е безживотно тело на едно машко во близина на шините на железничката линија на брзи возови во градот Хохајм.

Во ова соопштение се нагласува дека поради раните на безживотното тело, не било можно веднаш да се идентификува идентитетот на ова лице.

Во соопштението се вели дека Полициската дирекција во Визбаден открила дека безживотното тело е на 54-годишниот Томас Шафер, министер за финансии на германската сојузна покраина Хесен.

Според ова соопштение, ако се земаат во предвид изјавите на очевидците, и извршените истражувања, постои можност дека Шафер извршил самоубиство.

Премиерот на германската сојузна покраина Хесен, Волкер Буфиер преку социјалните мрежи упати сочувство до семејството на Шафер, нагласувајќи дека сеуште не можат да веруваат во неговата ненадејна смрт.

Министерот Шафер беше женет и имаше две деца, а од 2010 година досега беше на функцијата министер за финансии на оваа покраина.

Според германските медиуми, Шафер се сметаше како еден од кандидатите кои би можеле да дојдат на местото на премиерот на оваа покраина, Буфиер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.