свет

Германија: Канцеларката Меркел упати повик за реформи во ОН

- Меркел: „Советот за безбедност на ОН честопати е блокиран кога треба да се донесат јасни одлуки. Потребни ни се реформи.“

Cüneyt Karadağ,Bahattin Gönültaş   | 22.09.2020
Германија: Канцеларката Меркел упати повик за реформи во ОН

БЕРЛИН

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, упати повик за реформи во Советот за безбедност на Обединетите нации, известува Агенција Анадолија (АА).

Во видеопорака објавена по повод 75-годишнината од ОН, Меркел истакна дека е потребно ОН да се развијат уште повеќе за да можат да се справат со глобалните предизвици на 21 век и додаде: „Советот за безбедност на ОН честопати е блокиран кога треба да се донесат јасни одлуки. Потребни ни се реформи.“

Подвлекувајќи дека нејзината земја е подготвена да преземе одговорност во еден проширен состав на Советот за безбедност, Меркел рече дека ОН можат да бидат добри само доколку нивните членки се едногласни.

Посочувајќи дека дејствувањето на некои земји во согласност со сопствените интереси ги запоставува идеалите на ОН, Меркел истакна: „Се залажуваат оние што мислат дека самостојно ќе можат да се справат подобро. Нашите страдања и благосостојба се поделени. Ние сме еден свет.“

Од друга страна, Германија сака трајно членство во Советот за безбедност на ОН, заедно со Кина, Франција, Велика Британија, Русија и САД, бидејќи е застапена како непостојана членка веќе две години.

Иако Германија е четврта според висината на членарината што ѝ ја плаќа на ООН и е најголемата економија во Европа, таа не може да преземе одговорност за мирот во светот бидејќи не е постојана членка на Советот за безбедност на ОН.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın