свет

Германија: Во февруари ќе продолжи мировната конференција за Либија

„Одлучивме да го одржиме продолжувањето на конференцијата на почетокот на февруари, на ниво на министри за надворешни работи“, изјави Мас

Ayhan Şimşek   | 20.01.2020
Германија: Во февруари ќе продолжи мировната конференција за Либија

БЕРЛИН (АА) - Германија следниот месец повторно ќе биде домаќин на мировната конференција за Либија, најави денеска министерот за надворешни работи на таа земја, Хеико Мас, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Мас во изјава за медиумите во Брисел истакна дека вчерашната меѓународна Берлинска конференција за Либија била успешна и во таа пригода најави нејзино продолжување во февруари.

„Одлучивме да го одржиме продолжувањето на конференцијата на почетокот на февруари, на ниво на министри за надворешни работи“, изјави Мас.

Како што изјави тој, во фокусот на наредната конференција ќе биде воспоставувањето траен прекин на огнот.

Во Берлин вчера (недела) беше одржана меѓународна конференција на која се собраа светските лидери за да разговараат за воспоставување трајно примирје и пронаоѓање политичко решение за повеќегодишната криза во Либија.

По завршувањето на меѓународната мировна конференција во Берлин е објавена заедничка изјава на учесниците во која се наведува дека политичкиот договор на Либија е важен патоказ за пронаоѓање политичко решение за кризата во таа земја.

Учесниците во изјавата ги повикуваат Обединетите нации (ОН) да формираат технички комитет за контрола на имплементацијата на примирјето во Либија, кој би ги вклучил сите учесници на конференцијата и би се состанувал на месечно ниво, а би содржел четири работни групи.

Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза од 2011 година, кога беше убиен Моамер Гадафи. Оттогаш се води борба за доминација меѓу ривалските табори со седиште во Триполи и Тобрук.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın