свет

Газа: Болницата изградена од Турција има важна улога во борбата против епидемијата на Ковид-19

Болницата „Пријателство Турција - Палестина“, изградена по инструкциите на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, од 30 март 2020 година пренесена е на палестинските власти за да се помогне во борбата против епидемијата.

Mustafa Deveci   | 08.04.2021
Газа: Болницата изградена од Турција има важна улога во борбата против епидемијата на Ковид-19

ГАЗА (АА) - МУСТАФА ДЕВЕЏИ

Болницата „Пријателство Турција - Палестина“ во Појасот Газа, изградена од Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА), во голема мера ја олеснува работата на здравствениот сектор во земјата погодена од епидемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Епидемијата на Ковид-19 достигна опасни размери во Појасот Газа, кој има околу 2,1 милион жители, а Израел ја држи под блокада од копно, море и воздух од 2006 година.

Според податоците на Министерството за здравство во Газа, од вкупно 4.982 теста за Ковид-19, 1.916 биле позитивни.

Речиси секој втор тест е позитивен, што го покажува опасниот обем на епидемијата во регионот.

Ширењето на епидемијата дополнително го зголеми товарот врз здравствениот сектор во Газа, кој минува низ тешки денови поради блокадата.

Болниците во Газа имаат голем број пациенти, така што болницата „Пријателство Турција - Палестина“, изградена од ТИКА, презема важна улога во борбата против епидемијата на Ковид-19.

- Пациентите со Ковид-19 се лекуваат една година во болницата

Болницата „Пријателство Турција - Палестина“, изградена по инструкциите на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, од 30 март 2020 година пренесена е на палестинските власти за да се помогне во борбата против епидемијата.

Оттогаш, повеќе од 3.500 пациенти Ковид-19 се излекувани во болницата.

Денес, скоро 100 пациенти со Ковид-19, од кои 9 се на интензивна нега, се лекуваат во болницата која е опремена со апарати од најнови модели.

Болницата „Пријателство Турција - Палестина“, во овој тежок процес, го олеснува товарот на болниците во Газа.

Во болницата новите оддели за интензивна нега се подготвени за можноста од примање нови пациенти со тешки состојби.

Марван ел Хамс, главниот доктор на болницата „Пријателство Турција - Палестина“, во изјавата за дописникот на АА рече дека болницата одиграла важна улога во борбата против епидемијата.

Наведувајќи дека болницата од април 2020 година е посветена на пациентите со Ковид-19, Хамс рече: „Им се заблагодаруваме на нашите браќа во Турција што ни ја обезбедија оваа болница која ни овозможува да ги лекуваме болните од Ковид-19. Во оваа пригода, сакам уште еднаш да ја искажам нашата благодарност до турската Влада и турскиот народ.“

- На Газа ѝ треба поддршка

Главниот лекар Хамс исто така посочи дека ситуацијата во Газа е критична поради израелската блокада и брзото ширење на епидемијата.

„Ги повикувам нашите браќа во Турција да нѐ поддржуваат. Бидејќи, поради блокадата која се спроведува против нас и поради кризата од Ковид-19 поминуваме низ тежок период. Потребни се повеќе медицински материјали и опрема за болниците поради зголемувањето на случаите со Ковид-19“, нагласи главниот лекар Хамс.

Болницата „Пријателство Турција - Палестина“ е најголемиот и најмодерен здравствен центар не само во Газа, туку и во цела Палестина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın