свет

Вработените во „Фиат“ најавија штрајк поради високиот трансфер на Роналдо

Унијата на синдикати (USB) во Италија ги повика вработените во фабриката „Фиат“, сместена на југот од земјата, во местото Мелфи, да стапат во штрајк

Ecenur Çolak   | 12.07.2018
Вработените во „Фиат“ најавија штрајк поради високиот трансфер на Роналдо

Rim

РИМ (АА) - Вработените во италијанската автомобилска компанија „Фиат“ најавија дека ќе стапат во штрајк поради високото обештетување кое сопственикот на компанијата, Андреа Ањели, го исплатил за португалската фудбалска ѕвезда да ја доведе во редовите на клубот Јувентус, на кој е претседател, јавува Anadolu Agency (AA).

Унијата на синдикати (USB) во Италија ги повика вработените во фабриката „Фиат“, сместена на југот од земјата, во местото Мелфи, да стапат во штрајк.

Во писменото соопштение на Унијата на синдикати се вели: „Додека од вработените во автомобилската компанија „Fiat Chrysler Automobiles (FCA)“ и компанијата за камиони и трактори „CNH Industrial (CNHI)“ со години се бара да прават големи економски жртви, неприфатлива е одлуката за трошење стотици милиони евра за купување на само еден фудбалер.“

Унијата на синдикати, во соопштението наведува дека поради сето тоа, донесена е одлука за штрајк на вработените, кој ќе започне во 22:00 часот на 15 јули и ќе трае до 6:00 часот на 17 јули.

Ањели се наоѓа на чело на Јувентус и на компаниите FCA и CNHI, а со нив раководи холдинг-компанијата „Exor“, која е во негова сопственост.

Во италијанските медиуми е објавена веста дека покрај обештетувањето од 112 милиони евра што му е исплатено на Реал Мадрид, Роналдо потпишал четиригодишен договор со Јувентус, за вкупна сума од 120 милиони евра, по 30 за секоја година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.