свет

Во Средоземното Море овој викенд исчезнаа или смртно настрадаа 170 мигранти

„Недозволиво е да се продолжува трагедијата во Средоземното Море. Не смееме да го игнорираме големиот број настрадани пред вратите на Европа“

Bayram Altuğ   | 20.01.2019
Во Средоземното Море овој викенд исчезнаа или смртно настрадаа 170 мигранти АА/Архива

Geneve

ЖЕНЕВА (АА) - Канцеларијата на комесарот на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) соопшти дека викендов настрадале или исчезнале 170 мигранти, во два бродолома во Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).

УНХЦР соопшти дека во бродоломот во Алборанското Море, меѓу Шпанија и Мароко, настрадале 53 мигранти.

Италијанската морнарица информираше за друга несреќа во Средоземното Море, соопштувајќи дека починале или исчезнале 117 мигранти. Тројца преживеани се префрлени на островот Лампедуза, со цел да им биде укажана медицинска помош.

УНХЦР појасни дека не може да ја даде точната бројка на починати и исчезнати.

Високиот комесар за бегалци на ОН, Филипо Гранди, рече дека станува збор за најголема поморска несреќа, во рамките на илегалните миграции оваа година.

„Недозволиво е да се продолжува трагедијата во Средоземното Море. Не смееме да го игнорираме големиот број настрадани пред вратите на Европа“, смета Гранди.

Тој истакна дека е потребно да се вложат напори, со цел да се спасат непријавените мигранти.

Според податоците на УНХЦР, во водите на Средоземното Море на пат кон Европа, во 2018 година смртно настрадаа 2.262 непријавени мигранти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.