свет

Во сириски Идлиб срушен уште еден хеликоптер на режимот на Асад

Хеликоптерот бил погоден во местото Куптан ел-Џебел, по што се запалил за време на падот

Ekipa   | 14.02.2020
Во сириски Идлиб срушен уште еден хеликоптер на режимот на Асад

ИДЛИБ (АА) – Срушен е хеликоптер од силите на режимот на Асад во западната периферија на Алепо, во границите на деескалациската зона во Идлиб, Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Додека жестоките судири меѓу воената опозиција и режимските сили продолжуваат во руралните предели на западниот дел на Алепо, хеликоптер, кој полетал од центарот на градот Алепо, се упатил кон местото каде што е лоцирана сириската опозиција.

Хеликоптерот бил погоден во местото Куптан ел-Џебел, по што се запалил за време на падот.

Според Опсерваторијата на опозицијата за набљудување на авиони, воен авион на режимот, кој полетал од воениот аеродром во Хама, се вратил назад по предупредувањето од кулата дека е срушен еден хеликоптер.

Во западниот дел на областа Серакиб, во Идлиб, пред 3 дена беше срушен хеликоптер на сирискиот режим, при што загинаа 3 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın