свет

Во седиштето на НАТО отворена изложбата на фотографии на АА од обидот за пуч во Турција

Роуз Гетемјулер потсети дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ноќта на 15 јули го осудил обидот за државен удар и ги поддржал институциите на Република Турција, важниот сојузник на НАТО

Şerife Çetin   | 19.07.2019
Во седиштето на НАТО отворена изложбата на фотографии на АА од обидот за пуч во Турција ( Foto: Mesut Zeyrek - Anadolu Agency )

БРИСЕЛ (АА) - Заменик генералната секретарка на Северноатланскиот сојуз, Роуз Гетемјулер и постојаниот амбасадор на Турција при тој сојуз, Басат Озтурк, денес во седиштето на НАТО во Брисел отворија изложба на фотографии на Anadolu Agency (AA), направени ноќта на неуспешниот обид за државен удар што се случи на 15 јули 2016 година, кога припадниците на терористичката организација ФЕТО се обидоа да извршат државен удар.

Роуз Гетемјулер потсети дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ноќта на 15 јули го осудил обидот за државен удар и ги поддржал институциите на Република Турција, важниот сојузник на НАТО.

Потсетувајќи дека Столтенберг по обидот за пуч организирал посета на Турција и ја посетил бомбардираната зграда на Парламентот, која се најде како цел на пучистите без оглед што во неа беа парламентарците, Гетемјулер истакна дека нападот врз Турција претставува напад врз сите членки на НАТО-сојузот и сите вредности кои заеднички ги брани НАТО, како демократијата, слободата и владеењето на правото.

„Од ова место го поздравувам храбриот турски народ кој без оглед на сите ризици се најде таа ноќ на улиците во одбрана на демократијата“, изјави таа.

Гетемјулер укажа за значењето на стабилноста на Турција за стабилноста не само на потесниот регион, туку и за цела Европа и пошироко.

Таа потсети и за значењето на улогата на Турција во борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Постојаниот амбасадор на Турција при НАТО-сојузот, Басат Озтурк, изјави дека Турците се горди на фактот дека се народот кој се докажал во борбата за зачувувањето на демократијата.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја каде што е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа и турските официјални претставници. За време на обидот за пуч во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın