свет

Во светот од Ковид-19 оздравеа повеќе од 90 милиони

Според податоците на интернет-страницата „Worldometers“, четирите земји со најмногу случаи на заразување со коронавирусот забележаа и најголем број оздравени пациенти

Şeyma Uzundere   | 28.02.2021
Во светот од Ковид-19 оздравеа повеќе од 90 милиони

АНКАРА 

Бројот на оздравените од коронавирусот (Ковид-19) во светот надмина 90 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на интернет-страницата „Worldometers“, четири​​​​​​​те земји со најмногу случаи на заразување со коронавирусот (Ковид-19) забележаа и најголем број оздравени пациенти.

Досега во светот од Ковид-19 оздравеа околу 90.218.000 лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД) оздравеа 19.632.523 лица, во Индија 10.775.169, Бразил 9.386.440 и во Русија 3.811.797.

Потоа следуваат Велика Британија со 2.846.208 оздравени, Шпанија 2.647.446, Турција 2.565.723, Италија 2.398.352, Германија 2.248.400 и Колумбија со 2.145.450 оздравени.

Во светот моментално активни се 21.914.110 случаи на заразување со коронавирусот.

Коронавирусот што кон крајот на 2019 година се појави во кинескиот град Вухан, се прошири подоцна на повеќе од 200 земји и региони.

Досега со коронавирусот се заразени 114.453.166 лица, додека од последиците од вирусот починаа 2.538.838 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın