свет

Во последните 24 часа, Ковид-19 причина за смртта на 1.201 лице во Бразил, 629 во Мексико

Во Бразил дијагностицирани се 38.689 новозаразени, со што вкупниот број дијагностицирани случаи на коронавирусот порасна на 4.384.299

Emel Gözellik   | 16.09.2020
Во последните 24 часа, Ковид-19 причина за смртта на 1.201 лице во Бразил, 629 во Мексико

АНКАРА (АА) - Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта 1.201 лице во Бразил и 629 лица во Мексико, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.201 лице во последните 24 часа, вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 133.207 лицa.

Во Бразил дијагностицирани се 38.689 новозаразени, со што вкупниот број дијагностицирани случаи на коронавирусот порасна на 4.384.299.

Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 3.671.128.

Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.

- Мексико -

Министерството за здравство на Мексико информираше дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од коронавирусот починале 629 лица.

Вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 71.678.

Во Мексико во последното деноноќие откриени се 4.771 нов случај на Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на вирусот во земјата се искачи на 676.487.

Досега во Мексико оздравеа 481.068 лица заразени со Ковид-19.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın