свет

Во пожар во ноќен клуб во Тајланд загинаа 13 лица

Пожарот одеднаш избувнал во ноќниот клуб „Маунтајн Б“ во јужната провинција Чонбури во околу 1 часот по полноќ кога клубот бил преполн

Ekipa   | 05.08.2022
Во пожар во ноќен клуб во Тајланд загинаа 13 лица

АНКАРА (АА) - Најмалку 13 лица загинаа и 40 се повредени во пожар во ноќен клуб во Тајланд, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Пожарот одеднаш избувнал во ноќниот клуб „Маунтајн Б“ во јужната провинција Чонбури во околу 1 часот по полноќ кога клубот бил преполн, објави весникот „Бангкок пост“.

На снимките од клубот се гледаат луѓе како бегаат на безбедно, откако местото е зафатено со пожар.

Локалната полиција соопшти дека верува дека сите жртви се тајландски државјани.

Полицијата досега со локалните медиуми не сподели повеќе детали, но очевидците велат дека слушнале две експлозии кои го предизвикале пожарот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın