свет

Во норвешката Војска има повеќе случаи на силувања од пријавените

Минатата година во норвешката Армија официјално беа регистрирани два случаи на силување, а според извршената анкета, 24 жени војници и 20 мажи војници биле жртва на силување

Davut Çolak   | 20.02.2019
Во норвешката Војска има повеќе случаи на силувања од пријавените

Copenhagen

КОПЕНХАГЕН (АА) - Според анкетата спроведена меѓу војниците и воениот персонал, откриено е дека 24 жени војници и 20 мажи војници биле жртва на силување, додека 123 лица кои не сакале да го идентификуваат својот пол, биле изложени на обид за силување, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста што ја објави норвешката државна радиотелевизија NRK, во октомври 2018 година е извршена писмена анкета во која учествувале 8.800 војници и воен персонал на норвешката Војска, во врска со проблемите околу сексуалното вознемирување, полов напад и мобинг.

Според анкетата, 24 жени војници и 20 мажи војници, за време на вршењето на својата должност во Армијата биле жртва на силување, додека 123 лица кои не сакале да го идентификуваат својот пол, биле изложени на обид за силување.

Минатата година во норвешката Армија официјално беа регистрирани два случаи на силување.

Во 2016 година, Норвешка донесе закон за задолжителна воена служба и за жените.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.