свет

Во напад на Боко Харам во Камерун убиени 37 лица

Припадниците на терористичката организација извршија напад на камерунскиот остров Дарак, кој се наоѓа во езерото Чад

Adam Abu Bashal   | 12.06.2019
Во напад на Боко Харам во Камерун убиени 37 лица

АБУЏА (АА) - Во нападот извршен во западноафриканската земја Камерун од страна на терористичката организација Боко Харам, животот го загубија 37 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според вестите на националните медиуми, припадниците на терористичката организација извршиле напад на камерунскиот остров Дарак, кој се наоѓа во езерото Чад.

Се вели дека во нападот загинале вкупно 37 лица, од кои 21 војник и 16 цивили, додека голем број лица се повредени.

Се истакнува дека безбедносните сили извршиле операција по овој напад, во чии рамки биле фатени 15 припадници на оваа организација, а голем број терористи биле неутрализирани.

Боко Харам ги започна своите активности во првите години по 2000 година во Нигерија, а од 2009 година започна да спроведува акции на масовно насилство, во чии рамки загинаа над 20.000 лица.

Боко Харам од 2015 година врши напади и во Чад, Нигер и Камерун.

Само во нападите што организацијата ги изведе во подрачјето на басенот на езерото Чад, животот го загубија најмалку 2.000 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın