свет

Во Мадагаскар 1,5 милиони луѓе имаат потреба од итна помош за храна

Опасноста од глад најмногу е присутна во регионите Андрој, Аноси и Атсимо Андрефана, каде што вкупно 135.000 деца страдаат од недостиг на храна.

Gülbahar Sayım   | 13.01.2021
Во Мадагаскар 1,5 милиони луѓе имаат потреба од итна помош за храна

ТУНИС

Светската програма за храна (WFP) соопшти дека речиси 1,5 милиони луѓе на југот од Мадагаскар имаат итна потреба од помош од храна, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во извештајот објавен од Светската програма за храна (WFP) се истакнува дека сушата која трае повеќе од три години негативно влијаела на земјоделството, а исто така и епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) негативно влијаела на пазарот и ги забавила работите на граѓаните.

Поради тие причини, околу 1,5 милиони луѓе на југот на земјата страдаат од недостиг на храна и овој број продолжува да се зголемува.

Меѓу другото, во извештајот се нагласува дека од кризата најпогодени се децата и дека мораат да го напуштат училиштето за да најдат храна, а три од четири деца питачат на улиците.

Опасноста од глад, според извештајот, најмногу е присутна во регионите Андрој, Аноси и Атсимо Андрефана, каде што вкупно 135.000 деца страдаат од недостиг на храна.

Југот на Мадагаскар во изминатите неколку години се бори со суша бидејќи нема доволно дождови.

​​​​​​​Луѓето од регионот поради сушата не можат да вршат земјоделски активности, кои се нивниот главен извор на приход.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.