свет

Во Либан се сруши авион за обука

- Во авионот за обука од типот „Цесна-172“, кој падна во море, се наоѓале две лица кои се водат за исчезнати

Mahmut Geldi   | 13.10.2021
Во Либан се сруши авион за обука Фото: Илустрација

БЕЈРУТ 

Во Либан цивилен авион за обука падна во море, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку писмено соопштение ја потврди либанската војска.

Во соопштението се наведува дека цивилен авион за обука падна на отворени води во Медитеранот, кај Џубејл кој се наоѓа северно од Бејрут.

Се истакнува дека несреќата се случила во 10:40 часот по локално време.

Според соопштеното, поморските и воздухопловните сили на Либан, како и тимовите за цивилна заштита, водат операција за наоѓање на лицата кои се водат како исчезнати.

Според локалните медиуми, во авионот за обука од типот „Цесна-172“, кој падна во море, се наоѓале две лица.

Министерот за внатрешни работи на Либан, Бесам Мевлеви, ќе го посети местото на несреќата со цел следење на операциите за пребарување и спасување.

Не се дадени информации околу причината за рушењето на овој авион за обука.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın