свет

Во Ирак фатен бомбаш на терористичката организација ДЕАШ

- Во соопштението на Ирачката разузнавачка служба се наведува дека во акцијата организирана во подрачјето Абу Гариб е фатен бомбаш на ДЕАШ под кодното име „Тигар на Багдад“

Haydar Karaalp,Ali Makram Ghareeb   | 25.02.2021
Во Ирак фатен бомбаш на терористичката организација ДЕАШ

БАГДАД

Во акција на Ирачката разузнавачка служба извршена во Багдад, фатен е бомбаш на терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Ирачката разузнавачка служба се наведува дека во акцијата организирана во подрачјето Абу Гариб е фатен бомбаш на ДЕАШ под кодното име „Тигар на Багдад“.

Бомбашот на ДЕАШ наводно бил задолжен за т.н. јужен регион, а се поврзува со многу терористички активности во Ирак.

Ирак во 2017 година прогласи победа над терористичката организација ДЕАШ, со враќање под контрола на целокупната своја територија. Околу третина од вкупната површина на Ирак од 2014 година беше окупирана од терористите на ДЕАШ.

Сепак, терористите на ДЕАШ повремено ги активираат пасивните ќелии и извршуваат напади. Исто така, ирачката војска продолжува да извршува антитерористички операции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın