свет

Во Индонезија пронајден најстариот цртеж на животно нацртан во пештера

Животното прикажано на сликата со димензии 136 x 54 сантиметри е возрасна машка дива свиња, тоа се познава поради неговите рогови.

Sümeyye Dilara Dinçer   | 14.01.2021
Во Индонезија пронајден најстариот цртеж на животно нацртан во пештера

АНКАРА (АА) - Најстарата слика на животно во светот, за која се смета дека е нацртана пред 45.500 години, е пронајдена во една пештера на индонезискиот остров Сулавеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на „Би-Би-Си“ (BBC), археолозите наишле на слика на дива свиња нацртана пред 45.500 години во пештерата Линг Тедонгнге на островот Сулавеси.

Животното прикажано на сликата со димензии 136 x 54 сантиметри е возрасна машка дива свиња, тоа се познава поради неговите рогови.

Детали за сликата се објавени во списанието „Science Advances“. Истражувачот Максим Ауберт рече дека се испитува слојот калцит формиран на сликата за да се утврди кога е нацртана.

Експертот Адам Брум рече дека на сликата е прикажана дива свиња која комуницира со другите две свињи кои исто така се сликани.

Во 2018 година, во пештера на индонезискиот остров Борнео беше пронајдена слика од животно од пред најмалку 40.000 години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın