свет

Во Израел потврден првиот случај на вирусот „Ковид-19“

Вирусот е потврден кај „жена која се врати заедно со десет други граѓани од крузерот [„Дајмонд принцес“], кој беше закотвен на крајбрежјето на Јапонија“

Ekip   | 21.02.2020
Во Израел потврден првиот случај на вирусот „Ковид-19“

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел денеска го потврди првиот случај на коронавирус во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Вирусот е потврден кај „жена која се врати заедно со десет други граѓани од крузерот [„Дајмонд принцес“], кој беше закотвен на крајбрежјето на Јапонија“, соопшти Израелскиот јавен сервис.

Медицинските испитувања покажале дека другите 10 граѓани кои се вратиле заедно со заразената жена го немаат коронавирусот. Сите вратени лица се наоѓаат во медицински карантин.

Единаесетте лица се вратија денеска во Израел по денови минати на крузерот.

Израелците, како и останатите патници од крузерот се во карантин, каде што четворица израелски граѓани беа позитивни на тестот за коронавирус и се однесени во болница во Јапонија за медицински третман.

Денеска кинеските власти соопштија дека бројот на починати од новиот тип коронавирус се искачил на 2.238 лица.

Кинеската национална здравствена комисија истакна дека има 75.465 потврдени случаи на зараза со коронавирус, сега познат како „Ковид-19“, од кои 11.633 се во критична состојба.

Над 18.260 лица се отпуштени од болниците по заздравувањето од вирусот.

Коронавирусот се прошири во над 25 земји во светот, меѓу кои и во САД, Велика Британија, Сингапур, Франција, Русија, Шпанија, Индија, Иран.

Светската здравствена организација (WHO) поради вирусот прогласи состојба на глобална опасност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın