свет

Во Идлиб, шаторските градови се преполнети со население

Поголемиот дел од оние што бараат нови населени места поставуваат шатори во близина на постојните села и кампови, со надеж дека ќе имаат корист од патиштата, водата и хуманитарната помош

Erdal Türkoğlu   | 13.01.2020
Во Идлиб, шаторските градови се преполнети со население

ИДЛИБ (АА) - ЕРДАЛ ТУРКОГЛУ –

Со неодамнешните бранови на миграција шаторските градови поставени во градот Атме и во селото Ках во Идлиб, во Сирија, веќе се преполни со население, јавува Агенција Анадолија (АА).

Нападите на режимот на Асад и Русија, што ги започнаа во ноември, предизвикаа миграција на илјадници луѓе.

Поголемиот дел од оние што бараат нови населени места поставуваат шатори во близина на постојните села и кампови, со надеж дека ќе имаат корист од патиштата, водата и хуманитарната помош.

Оние што не можат да најдат шатори се засолнуваат во шаторите на нивните семејства сè додека не пристигне помошта. Поради тоа во некои шатори се засолнети 2-3 семејства.

Камповите „Атме“ и „Ках“ поставени близу границата со Хатај пред околу 4 години, моментално се меѓу најгусто населените места.

Овие кампови, еден од друг се наоѓаат на оддалеченост од 5-6 километри. Но со неодамнешните миграции и со зголемувањето на популацијата станаа преполни и се доближуваат еден до друг.

Поголемиот дел на овие кампови немаат инфраструктура и се со импровизирани шатори. Тие се домаќини на околу 600 луѓе.

„Градовите од шатори“ кои немаат свој крај, АА ги сними од воздух.







На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın