свет

Во Египет блокиран пристапот до интернет-страниците на АА и ТРТ

Официјалните власти не се произнесоа околу овој случај, и покрај тоа што во земјата не може да се пристапи до интернет-страниците на АА и ТРТ

Aydoğan Kalabalık   | 18.06.2019
Во Египет блокиран пристапот до интернет-страниците на АА и ТРТ

КАИРО (АА) - Откако првиот демократски избран претседател на Египет, Мухамед Морси, вчера почина во судница, блокиран е пристапот до интернет-страниците на Anadolu Agency (AA) и Турската радио-телевизија (ТРТ) низ Египет.

Официјалните власти не се произнесоа околу овој случај, и покрај тоа што во земјата не може да се пристапи до интернет-страниците на АА и ТРТ.

Морси (67), кој беше симнат од функција преку воен пуч во Египет, вчера почина во судница каде што беше суден по обвинение за „шпионажа“.

Мухамед Морси е првиот претседател на Египет избран по демократски пат во 2012 година, по Народната револуција во 2011 година, во чии рамки поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак беше принуден да поднесе оставка.

Морси беше соборен од претседателската функција на 3 јули 2013 година преку воениот пуч извршен од страна на тогашниот министер за одбрана на Египет, и началник на Генералштабот на египетската војска, Абдулфетах ел Сиси.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın