свет

Во Грција заострени мерките против Ковид-19

Националната здравствена установа на Грција соопшти дека е донесена одлука за заострување на мерките против Ковид-19 поради рапидното зголемување на случаите

Mehmet Hatipoğlu  | 04.03.2021 - Обновена : 05.03.2021
Во Грција заострени мерките против Ковид-19

КОМОТИНИ

Последните 24 часа во Грција се регистрирани 2.702 случаи на Ковид-19, а од последици на заразеност со вирусот починаа 40 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Националната здравствена установа на Грција се наведува дека е донесена одлука за заострување на мерките против Ковид-19 поради рапидното зголемување на случаите.

Никос Хардалиас, заменик-министер за цивилна одбрана и управување со кризи, на прес-конференцијата истакна дека полицискиот час воведен помеѓу 21:00 и 05:00 часот низ целата земја од утре ќе започне во 18:00 часот во 18 покраини дефинирани како „високоризични“, вклучително и областа Атика, каде што се наоѓа главниот град Атина.

Според податоците на Националната здравствена агенција, во последните 24 часа регистрирани се 2.702 нови случаи на коронавирусот, со што вкупната бројка во земјата се искачи на 197.279.

Во Грција, во последното деноноќие од Ковид-19 животот починаа 40 лица, а вкупната бројка на починати се зголеми на 6.597.

Во болниците низ земјата 431 лице се поврзани на респиратор. Во последните 24 часа регистрирани се 1.376 оздравени лица претходно заразени со вирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.