свет

Во вооружените интервенции на безбедносните сили во Мјанмар досега животот го загубија 701 цивил

- Во дневниот извештај што го објави Хуманитарната организација за помош на политичките затвореници се наведува дека има нови човечки жртви во регионите во кои безбедносните сили спроведуваат вооружени интервенции врз цивилите,

Ömer Faruk Yıldız   | 11.04.2021
Во вооружените интервенции на безбедносните сили во Мјанмар досега животот го загубија 701 цивил

КУАЛА ЛУМПУР

Во дневниот извештај што го објави Хуманитарната организација за помош на политичките затвореници се наведува дека има нови човечки жртви во регионите во кои безбедносните сили спроведуваат вооружени интервенции врз цивилите, известува Агенција Анадолија (АА).

Во ажурираниот извештај се вели додека вкупната бројка на убиени цивили се зголемила на 701, а досега се приведени 3.012 лица.

Покрај тоа, во извештајот се наведува дека издадени се налози за приведување на 656 лица кои биле против пучот.

Најмалку 82 лица ги загубија животите вчера во вооружената интервенција на Армијата на Мјанмар против демонстрантите во градот Баго.


- Воен удар во Мјанмар

Тензиите во Мјанмар ескалираа поради тврдењата дека на изборите на 8 ноември 2020 година се направени манипулации. Генералштабот на 28 јануари ја повика Владата да ги разјасни обвинувањата за манипулација на изборите.

Армијата на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари и прогласи воена состојба во траење од една година. Беа притворени претседателот Вин Минт, челничката на земјата, Су Чу, како и останатите водечки членови на владејачката партија Национална лига за демократија (НЛД).

Додека во земјата се одржуваат демонстрации што започнаа на 6 февруари со барање за враќање на демократијата во земјата, продолжува судењето на приведените високи државни функционери пред Воениот суд.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın