свет

Во Велика Британија бројот на смртни случаи од Ковид-19 изнесува 465

- На островот се детектирани нови 1.452 случаи на заразени лица, со што вкупниот број на лица во Велика Британија кај кои е откриен вирусот изнесува 9.529

Hasan Esen   | 26.03.2020
Во Велика Британија бројот на смртни случаи од Ковид-19 изнесува 465

ЛОНДОН

Забележани се нови 43 смртни случаи во Велика Британија како последица од заразеност со новиот тип коронавирус, Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во оваа земја достигна 465, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението што го објави Институтот за јавно здравје на Велика Британија, според последните ажурирани податоци, бројот на смртни случаи од 422 е зголемен на 465, додека по извршените тестирања, на островот се детектирани нови 1.452 случаи на заразени лица, со што вкупниот број лица кај кои е откриен вирусот во Велика Британија изнесува 9.529. Досега од Ковид-19 се излекувани 135 лица.

Меѓу другото, 93-годишната кралица Елизабета II, која на 19 март го напушти Лондон и се упати во постојаната резиденција на кралското семејство, во тврдината Виндзор која се наоѓа на 35 километри од главниот град, својата редовна неделна средба со премиерот Борис Џонсон ја одржа разговарајќи по телефон.

Во почетокот, Владата на Велика Британија спроведе стратегија со цел да се добие социјален имунитет и да дојде до контролирано ширење на новиот тип на коронавирусот, но откако се доби извештај дека е можно во таков случај бројката на починати од вирусот Ковид-19 да достигне бројка од 277.000 лица, и по упатените критики, Владата го повлече таквиот чекор.

Во понеделникот во Велика Британија донесена е одлука со која се ограничува излегувањето на населението од сопствените домови, а се затвораат сите трговски активности, освен работата на маркетите и аптеките.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın