свет

Во Брисел протест на противниците на Брегзит

Протестите се одржаa пред зградата на Европската комисија, а демонстрантите носеа транспаренти на кои, меѓу останатото, пишуваше „Запрете го Брегзит“, „Брегзит ја води земјата во пропаст“

Yusuf Hatip   | 09.10.2019
Во Брисел протест на противниците на Брегзит

БРИСЕЛ (АА) - Околу стотици луѓе кои се противат на излезот на Велика Британија од Европската Унија (ЕУ), односно Брегзит, демонстрираа во Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).

Протестите се одржаa пред зградата на Европската комисија, а демонстрантите носеа транспаренти на кои, меѓу останатото, пишуваше „Запрете го Брегзит“, „Брегзит ја води земјата во пропаст“.

Пораките на противниците на Брегзит се прочитани, по што протестите завршија.

На референдумот во Велика Британија одржан во 2016 година, 52 отсто од гласачите се изјаснија дека сакаат да ја напуштат ЕУ, додека 48 беа против.

Договорот меѓу поранешната британска премиерка Тереза Меј и ЕУ не доби доверба во Парламентот, иако гласањето беше одржано трипати. Брегзит прво беше закажан за 22 мај, па потоа беше одложен за 31 октомври.

Актуелниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, повеќепати повтори дека до Брегзит ќе дојде на 31 октомври, дури и кога би се случил без договор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın