свет

Во Австралија очекуваат дожд кој би требало да помогне во гаснење на пожарот

Врнежите од дожд се очекуваат во среда и се верува дека многу ќе помогнат во локализација на стотиците пожари што сè уште се активни во Нов Јужен Велс и во државата Викторија

Nuri Aydın   | 15.01.2020
Во Австралија очекуваат дожд кој би требало да помогне во гаснење на пожарот

МЕЛБУРН (AA) - Според последните временски прогнози, во Австралија, која во изминатите месеци се бори со големи пожари, доаѓа дожд дури и невреме, јавува Агенција Анадолија (АА).

Врнежите од дожд се очекуваат во среда и се верува дека многу ќе помогнат во локализација на стотиците пожари што сè уште се активни во Нов Јужен Велс и во државата Викторија.

Сепак, метеоролозите предупредуваат дека обемните врнежи носат и ризик од свлечишта.

„Обемните врнежи и невремето донесуваат потенцијална опасност, посебно во подрачјата на Нов Јужен Велс и Викторија, кои се ранливи поради свлечишта и срушените стебла“, изјави метеорологот Сара Скали.

Локалните власти, исто така, изразија загриженост дека силните дождови по пожарот би можеле да предизвикаат загадување на водата.

Австралиските власти во екот на борбата со пожарите што беснеат од септември минатата година повикаа околу 250.000 луѓе да ги напуштат своите домови.

Во пожарите досега загинаа најмалку 27 лица, загинаа повеќе милион животни, а уништени се околу 2.000 куќи и 10,3 милиони хектари земјиште. Најмногу објекти се уништени во државата Нов Јужен Велс, околу 1.600. Во соседна Викторија уништени се околу 200 куќи, а во другите држави повеќе од 100.

Советот за обезбедување на Австралија процени дека штетата достигнала околу 485 милиони американски долари, но се очекува дека трошоците значително ќе пораснат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın