свет

Во Авганистан на свадба фрлена рачна бомба: 13 повредени

- Тринаесет цивили се повредени по фрлањето рачна бомба на свадба во провинцијата Бадахшан, североисточно од Авганистан

Sayed Khodaiberdi Sadat   | 16.10.2020
Во Авганистан на свадба фрлена рачна бомба: 13 повредени  Фото: Архива / АА

КАБУЛ

Тринаесет цивили се повредени по фрлањето рачна бомба на свадба во провинцијата Бадахшан, североисточно од Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Полицискиот оддел на Бадашан, Санаулах Рухани, во изјавата за медиумите рече дека неидентификувани лица фрлиле рачна бомба на свадбена церемонија во местото Баташ во Бадашхан.

Рухани истакна дека во нападот биле повредени 13 лица, а напаѓачите побегнале од областа.

Засега никој не ја презеде одговорност за нападот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın