свет

Вон дер Лајен ја објави поделбата на ресорите во Европската комисија

Комесар за проширување на Европската Унија е унгарскиот политичар Ласло Трочкани кој во периодот 2014 - 2019 година во својата земја ја извршуваше функцијата министер за правда

Şerife Çetin,Yusuf Hatip,Ata Ufuk Şeker   | 10.09.2019
Вон дер Лајен ја објави поделбата на ресорите во Европската комисија

БРИСЕЛ (АА) - Новоизбраната претседателка на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, ја објави поделбата на ресорите во таа институција, јавува Anadolu Agency (AA).

Лајен на прес-конференцијата во зградата на Европската комисија во Брисел ги објави имињата за состав на Европската комисија за периодот 2019 - 2024 година.

Комесар за проширување на Европската Унија е унгарскиот политичар Ласло Трочкани кој во периодот 2014 - 2019 година во својата земја ја извршуваше функцијата министер за правда.

Федерика Могерини, на позицијата висока претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, ја замени Џозеф Борел, кој ќе ја извршува и функцијата потпретседател на ЕК.

Франс Тимерманс (Холандија) ќе биде првиот потпретседател на Европската комисија и комесар за климатски промени и т.н. European Green Deal.

Јоханес Хан (Австрија) стана новиот комесар за буџет и администрација.

Дидер Рејндерс (Белгија) го презеде ресорот за правда, Марија Габриел (Бугарија) - ресорот на дигиталниот пазар на ЕУ, додека Стела Кириакидес (Кипар) ќе биде одговорна за ресорот за здравство.

Кадри Симсон (Естонија) е задолжен за ресор за енергетика, Јута Урпилаинен (Финска) за меѓународни односи, Силвија Гулард (Франција) за индустрија. Маргарет Вистаџер (Данска) ќе биде втора потпретседателка и комесарка за единствен дигитален пазар, додека Валдис Домбровскис (Литванија) ќе биде комесар за економски и финансиски работи, оданочување и царина.

Комесарка за транспарентност е Вера Јоурова (Чешка), комесар за заштита на животната средина - Маргаритис Шинас (Грција), а комесар за внатрешноинституционални односи - Марош Шефчович (Словачка).

Јануш Војчиечовски (Полска) го доби ресорот за земјоделство, Елиса Фереира (Португалија) за реформи, Рована Плумб (Романија) за транспорт, Јанез Ленарчич (Словенија) за управување со кризи, Јива Јохансон (Шведска) за интеграции.

Виргиниус Синкевичиус (Литванија) ќе биде надлежен за околината, Николас Шмит (Луксембург) за пазарот на труд, Хелена Дали (Малта) за граѓански права, Јануш Војчиечовски (Полска) за земјоделство, Елиса Фереира (Португалија) за реформи, Рована Плумб (Романија) за транспорт, Јанез Ленарчич (Словенија) за управување со кризи и Јива Јохансон (Шведска) за интеграции.

Ирецот Фил Хоган е именуван за комесар одговорен за трговија, Паоло Џентилони (Италија) го презема ресорот за економија, Виргиниус Синкевичиус (Литванија) ќе биде надлежен за околината, Николас Шмит (Луксембург) за пазарот на труд и Хелена Дали (Малта) за граѓански права.

Велика Британија, за која се очекува до 31 октомври да ја напушти Унијата, не именуваше кандидати за Европската комисија.

Пред да започне мандатот на новата Европска комисија на 1 ноември, неопходно е Европскиот парламент во целина да ги изгласа имињата за кандидатите за Европската комисија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın