свет

Владата на национално единство на Либија ги суспендира сите преговори со Хафтар

- Шефот на меѓународно признатата либиска Влада, Ал Сарај, рече дека се супсендирани сите политички, економски и воено-мировни преговори кои се водени под закрилата на ОН

Abdelrahman Fathy Ramadan Mohamed,Enes Canlı   | 19.02.2020
Владата на национално единство на Либија ги суспендира сите преговори со Хафтар

ТРИПОЛИ

Премиерот на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија, Фајез ал Сарај, ги суспендира сите мировни преговори кои под закрилата на Обединетите нации (ОН) таа Влада ги водеше со лидерот на нелегитимните сили од истокот на Либија, генерал Калифа Хафтар, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Ал Сарај за либиската телевизија „Ал Ахрар“ изјави дека се суспендирани сите политички, економски и воено-мировни преговори, вклучувајќи ги и оние што во Женева ги водеше петчлена делегација.

Тој додаде дека одлуката за прекин на мировните преговори е донесена поради постојаните кршења на договорениот прекин на судирите во Либија.

Милитантите лојални на пучистичкиот лидер Хафтар вчера двапати изведоа ракетни напади врз пристаништето во Триполи, во кои се убиени 3, а ранети се 5 цивили.


- Состојбата во Либија

Либија се наоѓа во длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога од власта е симнат Муамер ел Гадафи.

Нелегитимните сили предводени од генерал Калифа Хафтар во април минатата година започнаа напад на Триполи во кој се наоѓа седиштето на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија.

Во Москва на 14 јануари се одржаа мировни преговори кои завршија неуспешно, бидејќи Хафтар ги напушти преговорите. Пет дена подоцна во Берлин е одржана нова мировна конференција на која е заклучено дека во Либија е можно исклучиво мирно решение на кризата.

Формирана е Заедничка воена комисија составена од 5 делегати на либиската Влада и 5 од таборот на Хафтар. Таа комисија ги водеше мировните преговори во Женева. Хафтаровите сили и по таа конференција продолжија со нападите на Триполи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın