свет

Вирусот „Ковид-19“ во Кина повторно забележан кај пациент кој го завршил лекувањето

- Џао Џианпинг, лидерот на здравствените екипи кои во провинцијата Хубеи се борат со епидемијата „Ковид-19“, изјави дека лицата кои завршиле со третманот на лекување би можеле да продолжат да го носат вирусот

Nuri Aydın   | 21.02.2020
Вирусот „Ковид-19“ во Кина повторно забележан кај пациент кој го завршил лекувањето

ПЕКИНГ

Во Ченгду, главниот град на кинеската провинција Сичуан, повторно е забележен новиот тип на коронавирусот „Ковид-19“ кај пациент кој го завршил третманот на лекување, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението што го дадоа здравствените единици од градот Ченгду, кај пациентот чиј карантин продолжува во неговиот дом, при неговото тестирање повторно е забележан новиот тип на коронавирусот.

Во соопштението се истакнува дека пациентот е повторно на лекување, со нагласок дека и во други подрачја се забележани слични случаи.

Кинеската комисија за национално здравство препорача болните кои го завршиле третманот на лекување да останат во карантин 14 дена, да носат маски и да не учествуваат на активностите кои се спроведуваат на отворен простор.

- Лицата кои завршиле со третманот на лекување можно е сѐ уште да го носат вирусот

Според веста што ја објави „Саут Чајна морнинг пост“ (South China Morning Post), Џао Џианпинг, лидерот на здравствените екипи кои во провинцијата Хубеи се борат со епидемијата на новиот тип на коронавирусот „Ковид-19“, изјави дека лицата кои завршиле со третманот на лекување би можеле да продолжат да го носат вирусот.

Џианпинг истакна дека во Кина и Канада има пациенти кои го завршиле третманот на лекување, а кои при повторното тестирање биле пак позитивни, и додаде „Не треба да се однесуваме комфорно. Бројките можат повторно да се зголемат.“

Посочувајќи дека ваквиот тип случаи се многу опасни, Џианпинг продолжи со зборовите „Каде ќе ги сместите овие пациенти? Не можете да ги испратите во нивните домови, постои опасност да го пренесат вирусот кај други лица, но поради ограничените можности, не можете да ги сместите ниту во болница.“

Новиот тип коронавирус за првпат е забележан на 12 декември во кинескиот град Вухан. Комисијата за здравство на Вухан на 31 декември го затвори пазарот за морска храна „Хуанан“, под образложение дека кај 27 лица што биле во контакт со тоа место е забележана „мистериозна болест“. Светската здравствена организација (СЗО) прогласи состојба на глобална опасност. На светско ниво се регистрирани 76.700 случаи на заразени со овој вирус. Досега од овој смртоносен вирус починаа 2.247 лица, од кои 2.238 во Кина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın