свет

Велика Британија: Треба да се достави повеќе оружје во Украина за да се намали рускиот притисок

„Преку доставување повеќе оружје во Украина и преку зголемување на санкциите [кон Русија], моментално е многу важно да го продолжиме притисокот врз Владимир Путин“, рече Трас

Zuhal Demirci   | 13.05.2022
Велика Британија: Треба да се достави повеќе оружје во Украина за да се намали рускиот притисок

ЛОНДОН (АА) - Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас, ги повика земјите од Г7 да достават повеќе оружје во Украина со цел зголемување на притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин преку проширување на санкциите против Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерката Трас даде изјава за медиумите во Германија каде што се наоѓа за да учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г7 - САД, Канада, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Јапонија.

„Преку доставување повеќе оружје во Украина и преку зголемување на санкциите [кон Русија], моментално е многу важно да го продолжиме притисокот врз Владимир Путин“, рече Трас.

Таа нагласи дека Г7 има витално значење во насока на штитење на слободата и демократијата за време на украинската криза.

„Токму за да го направиме тоа, треба да продолжиме да работиме заедно“, додаде шефицата на британската дипломатија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.