свет

Велика Британија, Германија и Франција активираат механизам за решавање на спорот со Иран

Во заедничко соопштение, Велика Британија, Германија и Франција остро го критикуваа Иран за понатамошното намалување на своите обврски кон Договорот за нуклеарна програма од 2015 година, и покрај постојаните повици од страна на Европејците

Ayhan Şimşek   | 14.01.2020
Велика Британија, Германија и Франција активираат механизам за решавање на спорот со Иран

БЕРЛИН (АА) - Велика Британија, Германија и Франција објавија дека ќе го активираат Механизмот за решавање спорови во рамките на иранскиот Договор за нуклеарна програма, како последица на постојаните прекршувања на договорот од страна на Техеран, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во заедничко соопштение, Велика Британија, Германија и Франција остро го критикуваа Иран за понатамошното намалување на своите обврски кон Договорот за нуклеарна програма од 2015 година, и покрај постојаните повици од страна на Европејците.

„Затоа, останавме без избор, со оглед на иранските активности, но денес да ја регистрираме нашата загриженост дека Иран не ги исполнува своите обврски во рамките на Договорот и ова прашање да го упатиме до Заедничката комисија во рамките на Механизмот за решавање спорови, како што е утврдено во ставот 36 од Договорот“, велат тие.

Трите членки на ЕУ долго време се воздржуваа да го покренат формалниот механизам за решавање спорови, плашејќи се дека тоа може да доведе до целосен колапс на историскиот договор.

Иран започна да ги намалува обврските кон Договорот за нуклеарната програма од 2015 година во мај минатата година, како одмазда за едностраното повлекување на САД од Договорот меѓу Техеран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија и ЕУ.

На 5 јануари Иран објави дека целосно се повлекува од Договорот, во пресрет на американското убиство на врвниот ирански командант Касим Сулејмани.

И покрај овој потег, европските сили ја потврдија својата подготвеност за зачувување на Договорот.

„Ова го правиме со добра волја со сеопфатна цел да се зачува Договорот и со искрена надеж дека ќе се најде начин за решавање на безизлезната ситуација преку конструктивен дипломатски дијалог“, се вели во заедничката изјава.

Трите европски сили исто така бргу го издвоија својот став од политиката на американскиот претседател Доналд Трамп за „максимален притисок“ врз Техеран.

„Нашите три земји не влегуваат во кампањата за спроведување максимален притисок врз Иран. Нашата надеж е да го вратиме Иран во целосна согласност со своите обврски во рамките на Договорот“, рекоа тие.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın