свет

Ватикан за израелско-палестинското прашање: Поддршка на дводржавното решение во границите пред 1967 година

- „Неизоставен е елементот двата народи да живеат еден со друг, во двете држави во границите пред 1967 година. Ватикан внимателно ја следи ситуацијата и изразува загриженост поради чекорот кој би можел да го загрози дијалогот“

Barış Seçkin   | 21.05.2020
Ватикан за израелско-палестинското прашање: Поддршка на дводржавното решение во границите пред 1967 година

État de la Cité du Vatican

ВАТИКАН

Од Ватикан е порачано дека во контекст на израелско-палестинското прашање го поддржуваат дводржавното решение во границите пред 1967 година и дека веруваат оти во светата земја која ја сакаат Евреите, христијаните и муслиманите, конечно може да завладее мирот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од ватиканската Канцеларија за печат е наведено дека главниот преговарач за Палестина, Саеб Ерекат, разговарал со секретарот на Светата столица за односи со државите, надбискупот Пол Ричард Галагер.

Ерекат за време на разговорот го известил Ватикан за најновите случувања на палестинската територија и можноста за еднострана примена на суверенитетот на Израел над некои палестински територии и понатамошно загрозување на мировниот процес.

Нагласено е дека Ватикан го почитува меѓународното право и поврзаните резолуции на ОН.

„Неизоставен е елементот двата народи да живеат еден со друг, во двете држави во границите пред 1967 година, кои се и меѓународно признати. Ватикан внимателно ја следи ситуацијата и изразува загриженост поради чекорот кој би можел да го загрози дијалогот“, пишува во соопштението.

Ватикан се надева дека Израелците и Палестинците наскоро ќе најдат можност за преговори за директниот договор со помош на меѓународната заедница. Заклучено е дека мирот конечно може да завладее во светата земја која ја сакаат Евреите, христијаните и муслиманите.

Американскиот претседател Доналд Трамп со присуство на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, на 28 јануари 2020 година го претстави т.н. Блискоисточен мировен план.

Во рамките на планот, Трамп изјави дека прифаќаат Ерусалим да биде неделив главен град на Израел и дека ова е последна шанса за независна палестинска држава и Палестина.

Новиот американски мировен план му овозможи на Израел да ги анектира сите свои населби заедно со стратешката долина на Јордан.

На Палестинците би била допуштена ограничена автономија на неколку делови на територијата со главен град на периферијата на Ерусалим, но само доколку ги исполнат строгите услови.

Палестинската страна категорично го отфли предложениот план, бидејќи ги занемарува правата на палестинскиот народ.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın