свет

Бројот на загинати во големите поплави во Кина се искачи на 33 лица

Тимовите за пребарување и спасување досега ги најдоа телата на 33 лица, а повеќе од 367.000 лица беа принудени да се евакуираат во безбедни области

Saadet Firdevs Aparı   | 22.07.2021
Бројот на загинати во големите поплави во Кина се искачи на 33 лица

АНКАРА (АА) - Најмалку 33 лица ги загубија животите во поплавите предизвикани од обилните дождови во областа Хенан во Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста за новинската агенција „Синхуа“, поплавата, до која дошло поради обилните дождови во Хенан, предизвикала загуба на човечки животи, а 8 лица се водат како исчезнати.

Тимовите за пребарување и спасување досега ги најдоа телата на 33 лица, а повеќе од 367.000 лица беа принудени да се евакуираат во безбедни области.

Поплавите оштетиле повеќе од 215.200 илјади хектари земјоделско земјиште и во земјата предизвикале економски загуби од 1,2 милијарди долари.

Метеоролошката опсерваторија во провинцијата Хенан го активира својот највисок аларм претпладне бидејќи се очекува врнежите да продолжат во неколку градови, како што се Анјанг, Хиби, Ксинксијанг и Џиаозуо.

Обилните дождови вчера и денеска го зафатија и градот Хуиксијан, лоциран на северозапад на провинцијата Хенан.

​​​​​​​Локалните власти мобилизираа 39.583 спасувачи во регионот, а во Хуиксијан досега се евакуирани 37.953 лица.

- Снимките од поплавата го открија обемот на катастрофата -

На снимките што се објавуваат на социјалните мрежи се гледа дека надојдените води во автобусите се издигнале над седиштата и го надминале нивото на градите на патниците кои чекаат да бидат спасени.

Моментите кога луѓето заробени во метрото се спасени од тунелот во метрото, се снимени и на камерите на мобилните телефони.

На снимките што се снимени во некои метро станици, забележани се и мртви тела. Исто така, се гледа како луѓето во паника брзаат да излезат надвор од метро тунелите.

Патиштата во Џенгџоу се претворени во езеро. Некои луѓе се качени врз возилата и чекаат да бидат спасени.

Исто така, на инсертите се гледа како во Џенгџоу случаен минувач притрчува напомош на мајка и нејзините две деца, кои паднале во јама исполнета со кал. Ова лице ги спасува мајката и нејзините деца подавајќи им го својот чадор.

Силниот дожд, што паѓа во провинцијата Хенан во одредени интервали од 17 јули, вчера предизвика поплави.

Подземната метро мрежа во Џенгџоу беше поплавена. Како резултат на тоа, голем број патници беа блокирани.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın