свет

Бригадите Ал-Касам соопштија дека убиле неколку израелски војници и уништиле 29 армиски возила во Газа

Бригадите соопштија дека вчера нивните борци ги убиле и раниле ционистичките сили засолнети во зграда во Јухор ад-Дик, населба во градот Газа

Murat Başoğlu  | 20.11.2023 - Обновена : 21.11.2023
Бригадите Ал-Касам соопштија дека убиле неколку израелски војници и уништиле 29 армиски возила во Газа

ГАЗА (АА) - Бригадите Ал-Касам, военото крило на палестинската група на отпорот Хамас, доцна синоќа објавија дека убиле одреден број израелски војници и уништиле 29 израелски воени возила во неколку области во Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Бригадите, во соопштението објавено на Телеграм, рекоа дека вчера нивните борци ги убиле и раниле ционистичките сили засолнети во зграда во Јухор ад-Дик, населба во градот Газа, откако ја гаѓале со две гранати ТБГ и по директниот судир со нив со автоматско оружје.

„Дваесет и девет ционистички возила беа целосно или делумно уништени во сите подрачја на нивниот упад во Појасот Газа“, се додава.

Во друго соопштение од синоќа Бригадите истакнаа дека со ракети погодиле израелски возила во јужниот дел на Газа.

Групата, исто така, рече дека со ракетен бараж ја нападнале и воената база „Целим“ во пустината Негев.

Бригадите Ал-Касам соопштија дека вчера убиле и шест израелски војници во населбата Јухор ад-Дик во југоисточниот дел на градот Газа.

Откако Израел започна да ја бомбардира Газа на 7 октомври, според најновите податоци, загинале најмалку 13.000 Палестинци, меѓу кои над 9.000 жени и деца, а повеќе од 30.000 се ранети.

Илјадници згради, меѓу кои и болници, џамии и цркви, се оштетени или уништени во немилосрдните воздушни и копнени напади на Израел врз опколената енклава.

Израелската блокада наметна прекин на снабдувањето со гориво за Газа, електрична енергија и вода, а ја ограничи и испораката на хуманитарна помош.

Според официјални податоци, бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.200.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.