свет

Бразил нема ресурси за борбата против пожарите во Амазон

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека Бразил нема ресурси да се справи со пожарот во најголемата дождовна шума во светот, Амазон

Muhammed Emin Canik   | 23.08.2019
Бразил нема ресурси за борбата против пожарите во Амазон

БУЕНОС АИРЕС (АА) - Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека Бразил нема ресурси да се справи со пожарот во најголемата дождовна шума во светот, Амазон, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според информациите во бразилските медиуми, Болсонаро соопшти дека неговата земја нема ресурси за борба против пожарот во Амазон.

На прашањето на новинарите: „Шумскиот појас во Амазон е поголем од Европа. Како ќе се борите против шумските пожари во такво подрачје?“, Болсонаро истакна: „Нема ресурси за тоа.“

Екстремнодесничарскиот претседател Болсонаро минатата недела изјави дека на неговата земја не ѝ се потребни пари по одлуката на Норвешка и Германија да ги прекинат фондовите што ги обезбедуваа за шумите во Бразил во рамките на проектот за издржливост.

Од друга страна, Парагвај и Боливија започнаа да интервенираат во пожарот што го зафати шумскиот појас Амазон. Пожарот, кој напредуваше во Амазон, предизвика да изгорат 500.000 хектари шума во Боливија.

- Во Бразил шумските пожари за една година се зголемени за 83 отсто

Бразилскиот Национален институт за истражување на вселената (INPE) истакна дека за една година се случиле 72.000 шумски пожари во најголемата во светот дождовна шума во Бразил.

Според податоците на Националниот институт за истражување на вселената (INPE), шумските пожари во земјата достигнале највисоко ниво во последните 6 години. Бројот на пожари се зголемил за 83 проценти во однос на минатата година. Покрај тоа, за една недела се случија околу 10 илјади шумски пожари, кои негативно се одразиле на заштитените области и домашното население.

- Болсонаро ги обвини невладините организации за животна средина

Претседателот Болсонаро истакна дека е можно зад шумските пожари во земјата да стојат невладините организации од областа на животната средина.

„Можно е невладините организации од областа на животната средина да се вклучени во кривично дело за да го привлечат вниманието на јавноста дека се против мене и против Владата. Не го потврдувам тоа, но е можно“, нагласи Болсонаро.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın