свет

Борис Џонсон повика на замена на нуклеарниот договор со Иран

„Ајде да работиме заедно на замена на Договорот за нуклеарна програма со Иран (JCPOA) и наместо тоа, постигнување на договор со Трамп“, изјави Џонсон

İlyas Tayfun Salcı   | 14.01.2020
Борис Џонсон повика на замена на нуклеарниот договор со Иран

ЛОНДОН (АА) - Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, повика нуклеарниот договор со Иран да биде заменет со договор што ќе одговара на барањата на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Џонсон за „Би-би-си“ зборуваше за нуклеарниот договор со Иран.

„Ајде да работиме заедно на замена на Договорот за нуклеарна програма со Иран (JCPOA) и наместо тоа, постигнување на договор со Трамп“, изјави Џонсон.

Претходно, Велика Британија, заедно со Германија и Франција, соопшти дека останува приврзана на нуклеарниот договор со Иран.

Американската администрација во мај 2018 година еднострано се повлече од договорот потпишан во 2015 година, а потоа започна да воведува санкции на Техеран.

Во изјавата е истакната важноста на иранското исполнување на нивните обврски од договорот и нагласена е загриженоста поради заостанатите чекори на Техеран од јули 2019 година

Иран во јули 2019 година објави дека нема да се придржува кон одредени членови во договорот, а властите на 5 јануари 2020 година соопштија дека земјата нема да почитува никакви ограничувања кога е во прашање збогатувањето на ураниум, складирањето на збогатениот ураниум и истражувањето и развојот на нуклеарната програма.

Иранските власти изразија подготвеност за враќање на договорот во случај на укинување на санкциите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın