свет

Борел: „Масовните злосторства извршени во Сирија не треба да поминат неказнети“

„Турција, Јордан и Либан со отворањето на вратите за големиот број бегалци покажаа извонредна солидарност“, истакна високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ

Şerife Çetin   | 30.06.2020
Борел: „Масовните злосторства извршени во Сирија не треба да поминат неказнети“

БРИСЕЛ (АА) – Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, истакна дека Европа не може да му го сврти грбот на сирискиот народ и дека масовните злосторства извршени во Сирија не треба да поминат неказнети, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Борел сподели видео пред конференцијата насловена „Поддршка за иднината на Сирија и регионот“, организирана заеднички од ЕУ и Обединетите нации (ОН).

Наведувајќи дека сириската војна влезе во својата 10-та година, Борел истакна дека војната предизвикала голема болка и дека сирискиот народ сѐ уште живее во страв.

„Европа не може да му сврти грб на сирискиот народ и нема да сврти. Масовните злосторства извршени во Сирија не треба да поминат неказнети“, нагласи Борел.

Нагласувајќи дека Сирија е сосед на ЕУ и нејзината стабилност е важна, Борел рече дека Унијата ќе продолжи да ги поддржува и Сирија и соседните земји кои се домаќини на сириските бегалци.

„Турција, Јордан и Либан со отворањето на вратите за големиот број бегалци покажаа извонредна солидарност“, истакна Борел.

Изјавувајќи дека хуманитарната помош на ЕУ и нејзините земји членки за Сирија е најголема, Борел рече дека сепак тоа не е доволно. „Треба да сториме повеќе за да ги ублажиме страдањата на сирискиот народ. Мораме да се фокусираме на политичкото решение.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın