свет

Бомбашки напад врз безбедносните сили во Сомалија, загинаа тројца војници

Полицискиот службеник Абди Мохамуд во изјавата за АА рече дека извршен е бомбашки напад врз безбедносните сили кои ги штитат Турците кои работат во компанија што изведува патишта во зоната Елаша Бијаха, во регионот Долен Шабел

Tufan Aktaş   | 14.01.2020
Бомбашки напад врз безбедносните сили во Сомалија, загинаа тројца војници

МОГАДИШУ (АА) - Како резултат на експлозија на бомба поставена на пат во Сомалија, животот го загубиле тројца сомалиски војници кои ги штитат турските државјани, јавува Агенција Анадолија (АА).

Полицискиот службеник Абди Мохамуд во изјавата за АА рече дека извршен е бомбашки напад врз безбедносните сили кои ги штитат Турците кои работат во компанија што изведува патишта во зоната Елаша Бијаха, во регионот Долен Шабел.

Мохамуд истакна дека како резултат на експлозија на бомба за време на минување на безбедносниот конвој загинале тројца војници, а двајца се повредени.

Работниците биле вклучени во проект за пат што го поврзува главниот град Могадишу со градот Авгоје.

Амбасадата на Турција во Могадишу го потврди нападот и рече дека ниту еден турски државјанин не е оштетен.

Во бомбашкиот напад изведен на 28 декември загинаа 85 лица, од кои двајца беа турски државјани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın