свет

Блинкен: „Нема оправдување за претераната реакција на Кина за посетата на Пелоси на Тајван“

Американскиот државен секретар истакна дека нема промена во политиката на САД за една Кина

Riyaz Khaliq Khaliq   | 05.08.2022
Блинкен: „Нема оправдување за претераната реакција на Кина за посетата на Пелоси на Тајван“

ИСТАНБУЛ (АА) - Нарекувајќи го „претерана реакција“ воениот одговор на Кина на посетата на Тајван од страна на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека „нема оправдување“ за постапките на Пекинг, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Факт е дека посетата беше мирна. Нема оправдување за ова овој екстремен, непропорционален и ескалативен воен одговор“, изјави Блинкен на прес-конференцијата во Камбоџа каде што учествува на Самитот на АСЕАН.

Блинкен тврди дека САД „не ја поддржуваат независноста на Тајван“.

Пекинг започна големи вежби околу Тајван откако Пелоси го посети островот претходно оваа недела, наспроти предупредувањата на Кина која го смета за своја „отцепена провинција“.

„Ништо не се промени во нашата политика за една Кина која се води од Договорот за односите со Тајван, Трите коминикеа и шесте гаранции“, забележа Блинкен, велејќи: „Ние не сакаме еднострани промени на статус кво од која било страна.“

„САД сакаат мирно решавање на споровите околу теснецот, не со сила“, изјави тој.

„Лансирањето кинески ракети во ексклузивните економски зони во Јапонија е значајна ескалација“, изјави Блинкен, додавајќи дека САД „ќе летаат, пловат и оперираат секаде каде што се применува меѓународното право и ќе го продолжат поморскиот транзит преку Тајванскиот Теснец.“

Тој истакна дека САД „не бараат и нема да предизвикаат криза“, но ја истакна поддршката на Вашингтон за своите сојузници во регионот.

Блинкен, сепак, додаде дека кинескиот воен одговор на посетата на Пелоси би можел да го „дестабилизира поширокиот регион“.

За ситуацијата во Мјанмар, Блинкен побара хуманитарен пристап до земјата во која владее воена хунта од минатата година.

Тој, исто така, повика на глобална поддршка против одобрувањето на изборите планирани од хунтата следната година. „Тие нема да бидат фер и слободни во сегашната ситуација“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın